ОЛИВЕР ТВИСТ Во сиропиталиштето се родил Оливер, чија што мајка починала веднаш по пораѓајот, а таткото бил непознат. Оливер бил сместен на село во помошното сиропиталиште каде што кон децата се однесувале многу грубо, без љубов и добра исхрана. На својот деветти роденден бил мног слабо и бледо дете. Тогаш пристигнал господин Бамбил, правителот на сиропиталиштето, и го зема Оливер во сиропиталиштето. Но и таму не било ништо подобро. Оливер и неговите дргари веќе три месеци гладувале. Еден ден одржале состанок и влечеле ждрепка кој од нив да оде да побара уште еден тањир каша, од служителот. Ждрепката му паднала на Оливер. Од кога побарал уште каша, бидејќи е гладен , бил натепан и сместен во самица. А во истиот момент одборот решил да се ослободат од него и ставиле оглас ,,Ако го земе некој Оливер, како награда ќе добие 5 фунти." Господин Сурбери, сопственикот на погребалнотот претпријатие, го земал Оливер. Таму му давал да...