Skip to main content

Оливер Твист - Лектира за основно одделение

ОЛИВЕР ТВИСТ


    Во сиропиталиштето се родил Оливер, чија што мајка починала веднаш по пораѓајот, а таткото бил непознат. Оливер бил сместен на село во помошното сиропиталиште каде што кон децата се однесувале многу грубо, без љубов и добра исхрана. На својот деветти роденден бил мног слабо и бледо дете. Тогаш пристигнал господин Бамбил, правителот на сиропиталиштето, и го зема Оливер во сиропиталиштето. Но и таму не било ништо подобро.
     Оливер и неговите дргари веќе три месеци гладувале. Еден ден одржале состанок и влечеле ждрепка кој од нив да оде да побара уште еден тањир каша, од служителот. Ждрепката му паднала на Оливер. Од кога побарал уште каша, бидејќи е гладен , бил натепан и сместен во самица. А во истиот момент одборот решил да се ослободат од него и ставиле оглас ,,Ако го земе некој Оливер, како награда ќе добие 5 фунти."
     Господин Сурбери, сопственикот на погребалнотот претпријатие, го земал Оливер. Таму му давал да јаде остатоци од јадење и спиел во дуќанот на сопственикот на погребалното претпријатие, под тезгата, меѓу ковчезите. Еден ден испровоциран од Ное, дете со лош карактер, Оливер во обид да ја одбране честа на мајка си, бил изнатепан. Тоа утро Оливер бега од дома. Пешачел седум дена. Се додека не налетал на Џек Докинс. Кој го внесува во дружината крадци, кој работат за старецот Фејгин. Старецот почнал да го подучува Оливер да биде крадец. Оливер не свесен во што се впушта отишол на улица со две од децата.
     Кога видел дека двете деца го ограбуваат старецот , се уплашил и почнал да бега. Така завршил на суд каде што за малку ќе бил осуден на затвор. Добриот стар господин Браунлоу, кога видел во каква состојба е Оливер, го земал кај цебе за да се грижи за него. Стариот господин Браунлоу убаво се однесувал кон Оливер и му помагал да оздраве. Еден ден Оливер требало да однесе книги кај библиотекарот. Тогаш го пресретнале групата крадци и го вратиле кај Фејгин. Веднаш бил земен за учество во грабеж, каде што е ранет и оставен да умре. Но Оливер, со последните сили успеал да дојде до најблиската куќа, куќата што требало да ја ограбат. Тука, на негова среќа, тој е згрижен и излечен со помош на госпоѓата Мејл и Роуз.
     Од кога оздравел отишол до куќата на стариот господин Браулоу, за да му објасни што му се случило. Но, господинот бил отселен, а куќата се издавале.
     Оливер останал да живее со госпоѓа Мејл и Роуз. Опкружен со љубов и грижа. Почнал да уче, да чита и пишува.
     Во меѓувреме во сиропиталиштето на село некоја старица пред умирање се обидела да и открие тајна на госпоѓа Корни, нагледувачката на сиропиталиштето. Тајна за бебето Оливер.
     Манкс, полубратот на Оливер, се здружил со Фејгин и Сајкс. Направи се за да ги скрие доказите за потеклото на Оливер Твист. Ненси една од девојките од разбојниците, од како го наслушнала нивниот разговор, одма и го пренесила на госпоѓицата Роуз. Роуз не можела да заспие, барајќи решение за ново настанатата ситуација.
     Утредента Оливер се вратил дома целиот возбуден, бидејќи го видел господин Браунлоу. Роуз заедно со Оливер, веднаш заминале кај господин Браунлоу. Убаво, полека му ја објасниле целата приказна за Оливер Твист, а господин Браунлоу веднаш се заземал за решавање на целиот случај во одбрана на Оливер.
     За жал Ненси е убиена од страна на Сајкс. Полицијата е во потрага на Сајкс и Фејгин, а Манкс е откриен.
     Голем дел од разбојниците се уапсени. Сајкс е фатен во стапица и под несреќни околности се обесува.
     Од како Манкс признава за сите злодела, имотот од нивниот татко е поделен на два дела, на Манкс и на Оливер. Манкс кажува и за потеклото на Роуз, дека Роуз е тетка на Оливер. За на крај сите заедно живеат како едно големо и среќно семејство, исполнето со љубов и доверба.

Лектирата Оливер Твист можете да ја купите во Книжарница БОНИГА Неготино

    Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на овој линк.
    За активација на кодот за попусти за долготраен попуст од 25%, 35%, 42%  и 50% во чекор 3 треба да внесете податоци за вашиот спонзор ИД број - MKY0000200, првите три букви од презимето - AND
Тука сме за да се подржуваме едни со други ❤️
Со среќа на сите 🥂

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...