ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН
Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда.
Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага.
Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга.
После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува неговата историја и потекло. Тристан се враќа во неговата земја Луноа. Го одмаздува татко си Крал Ривален. И ја ослободува земјата од Војводата Морган.
МОРХОЛТ ОД ИРСКА
Кога се вратил Тристан во Корнвол, сите биле жалосни, бидејќи требале да платат данок на ирскиот крал. Силниот витез Морхолт дошол да земе 300 момчиња и 300 девојчиња. Витезот Мотхолт им понудил доколку има храбар меѓу нив да се боре со него, и ако го победе, нема да плаќат данок. Никој не се јавил. Никој не сакал да се боре освен Тристан. Тристан Го победува витезот Мотхолт и го ослободува Корнвол од секаков данок. За жал сабјата на витезот била намачкана со отров, и покрај тоа што Тристан победил, тој пак полека умирал. Тогаш Тристан побарал да го стават во чун и да го пуштат по морето за да умре. Чунот завршува на пристаништето Вајсфорт, заемјата на Морхолт, каде со помош на тревки го ислекува Изолда Русокоса, внуката на Морхолт. Кога му станува подобро Тристан успева да избега без да го препознаат кој е тој всушност. И се враќа кај Крал Марк.
ВО ПОТРАГА ПО ЗЛАТОКОСАТА УБАВИЦА
На дворот на крал Марк имало четворица барони, кој биле многу подли и не го сакале Тристан, Андре, Ганелон, Гондоин и Деноален. Уплашени дека Крал Марк може да го оставе кралството на Тристан барат од кралот да се ожене.Кралот решава да се ожене со девојка која што има златна коса како влакното што што го донеле ластовиците кај него во соба. Тристан оде да ја донесе Изолда Златокоса за да биде сопруга на кралот Марк,. за да докаже дека не го сака неговото злато и имот, дека искрено го сака кралот.
Кога стигнале во Ирска, на пристаништето Вајсфорт, Тристан разбрал дека кралот ветил дека ќе ја даде својата ќерка Изолда Русокоса на јунакот кој што ќе ги спасел од Ламјата. Решен да ја освои Изолда оде и храбро ја убива Ламјата. Го пресекол нејзиниот јазик како доказ и го врзал на појасот, несвесен дека е отровен. Се онесвестува и паѓа во високите треви. Управникот на дворот на ирскиот крал, црвенокосиот страшливец Агвингеран ја нашол ламјата мртва и ја пресекол главата и отишол да ја бара Изолда за жена, кажувајќи дека он ја убил ламјата.
Изолда не му верува и затоа оде на местото на борбата да бара докази за вистинскиот херој. Во тревата го наоѓа Тристан. Го носе во своите одаи и го лекува со тревки. Тогаш Изолда сватила дека тристан е убиецот на нејзиниот вујко, витезот Морхолт. Сакала да го одмазде својот вујко и да го убие Тристан, но тогаш Тристан и ја кажал причината зошто се борел со витезот и морал да го убие, зошто е тука кај нив и сака да ја земе со себе Изолда, плус ако тој умре Изолда ќе треба да се ожене со лажливезот Агвингеран. Изолда решава да му помогне на Тристан, така заедно докажуваат дека Тристан е вистинскиот убиец на ламјата, а како награда ја добива Изолда.
ЉУБОВНА НАПИВКА
Мајка и на Изолда направила љубовна напивка за Изолда и Крал Марк. Напивката и ја доверила на придружничката Бранжиена, со точни упатства, дека никој не треба да знае за напивката и нејзе требало да ја испијат Изолда и Марк на првата брачна ноќ.
Еден ден на бродот Изолда и Тристан многу ожеднале. Слугинката случајно ја нашла љубовната напивка зџамешана во вино и им ја дала да ја испијат за да ја згаснат жедта, не свесна каква моќ има таа напивка. Во тој момент влегла Бранжиена и ги видела Тристан и Изолда како се гледат и сватила дека ја испиле напивката што требало да ја испијат Марк и Изолда. Од тогаш Тристан и Изолда не можат да живеат оделени еден без друг.
БРАНЖИЕНА И РОБОВИТЕ
Кралот Марк се венчал со Изолда. А на првата брачна ноќ, во темнината, Бранжиена легнала со кралот, за да ја скрие обесчестеноста на Изолда.
И покрај тоа што Изолда била опсипана со љубов и раскош таа била тажна, бидејќи морала да ја крие љубовта со Тристан. Почнала да се сомнева и плаше од сите. Еден ден на двајца слуги им наредила да ја убијат нејзината верна Бранжиета, бидејќи и било страв да не ја каже нејзината тајна. Среќа слугите се сожалиле и не ја убиле Бранжиета, па кога кралицата Изолда се предомислила тие и ја довеле Бранжиета повторно верно да и служе.
ВИСОКИОТ БОР
Четворицата барони, кој што го мразеле Тристан, ја дознале нивната тајна и смислувале начини како да ги откријат и наклеветат на крал Марк. Кралот не поверувал во нивните зборови, но го замолил Тристан да го напушти неговото кралство, бидејќи не сакал да му наштетат.
Тристан го напушта замокот, но немал сила да го напуште и кралството. Се сместил да живее во селото без никој да знае. Бранжиета има помагала да се среќават скришно со Изолда. Тристан секоја вечер ги прескокнувал острите колци, одел кај борот, ги фрлал деланките во кладенецот, деланките пловеле се до женските одаи. Бранжиена им го одвлекувала вниманието на кралот и баронита, а Изолда одела кај Тристан во овоштарникот.
Бароните почнале да се сомневат дека Изолда и Тристан пак се гледат, но не знаеле кога и како, затоа побарале помош од грбавиот кепец Фросен. Кепецот му кажал на кралот дека таа вечер Изолда и Тристан скришно ќе се сретнат и му кажал кога и каде може да ги начека, виде. Кралот го послушал. За среќа Изолда и Тристан на време го забележуваат кралот качен и скриен дека седе на дрвото и успеваат да се искупат, да се спасат.
КЕПЕЦОТ ФРОСЕН
Крал Марк се смирил со Тристан. Му дозволил да се врате во замокот. Бароните повторно побарале услуга од кепецот Фросен. Кралот ги послушал. Изолда и Тристан се преправале дека спијат секој во својата соба, но капките крв на брашното биле доказ дека Тристан бил кај кралицата таа вечер.
СКОК ОД КАПЕЛАТА
Кралот наредил да се запалат Тристан и Изолда за срамот што му го нанеле. За среќа Тристан успева да избега преку прозорецот на капелата. Кралот решава да не ја запале Изолда, туку како поголема казна ја остава да живее во рацете на лепрозните и лоши луѓе, заедно со Иван лепрозниот. Тристан ја спасил Изолда од лепрозните. Од тој момент Тристан заедно со Изолда и Горвенал биле во бегство и се криеле во шумата.
ШУМАТА МОРОА
Кралот ветил награда 100 златници за тој што ќе ги фате Тристан и Изолда. Издан, верниот пес на Тристан, бил тажен по својот господар. Кога го пуштиле, тој за час го пронашол својот господар во шумата.
Во шумата за време на некој лов, Горвенал го здогледал барон Ганелон, непријателот на Тристан, излегол од заседа и го убил. Од тој ден сите се плашеле да влезат во таа шума.
Еден ден некој шумар случајно ги здогледал Тристан и Изолда и му кажал на кралот. Кралот ги пронашол двајцата, длабоко во шумата како спијат. Им се смилувал, не можел да ги убие, но им оставил знаци дека бил тука и ги видел. Од тој момент, тие повторно почнале да бегат.
ИСПОСНИКОТ ОГРЕН
По три дена почнале да размислуваат Тристан и Изолда, и решиле да се вратат кај кралот Марк и да барат прошка. Отишле кај испосникот Огрен да им помогне да се смират со кралот.
ОПАСНОТО ПЛИТКО МЕСТО
Кралот го прифаќа нивното извинување. Ја зима назад Изолда, но Тристан мора засекогаш да го напуште неговото кралство. Примопредавањето на Изолда било кај ,,Опасното Плитко Место,,.
Тристан и Изолда си ветиле дека секогаш кога ќе имаат прилика да бидат заедно, а како знак се договориле да им биде прстенот со зелен јаспис. Тристан не го напуштил кралството, туку се скрил во трошната визба кај шумарот Ори.
БОЖЈИОТ СУД
Тројцата барони мислејќи дека се безбедни сега кога го нема Тристан во нивна близина, го наговориле кралот Марк дека Изолда треба пред сите да ја докаже својата невиност. Да се заколне врз моштите, коските, на светците дека никогаш не грешела и да изваде усвитено железо од оган со голи раце, ако била невина ништо немало да и биде. Кралицата Изолда се согласила. Во договор со Тристан, кој на судниот ден бил преправен како сиромашен аџија, просел милостина. Кога требало кралицата да помине преку калта, тој преправен, без никој да го препознае, и ја кренал до брегот. Тофаш Изолда пред сите се заклнила со зборовите ,,се колнам дека никогаш маж од мајка роден не ме држел враце, освен крал Марк, мојот господар, и сиромашниот аџија кој пред малку падна пред вашите очи.,,
ПЕСНАТА НА СЛАВЕЈОТ
Тристан секоја вечер доаѓал скришно кај Изолда за да бидат заедно. Некој слуга ги видел и ги наклеветил кај бароните.Утредента во заседа Тристан го убил баронот Деноален. Одма после тоа отишол кај кралицата да ја виде и да и ја пренесе убавата вест. За нивна среќа, Изолда го здогледува баронот Гондоин скриен како ги посматра и му шепнува на Тристан. Тогаш со својот лак го убива и Гондоин. Тогаш Тристан решава навистина да го напушти кралството.
ЧУДЕСНИОТ ПРАПОРЕЦ
Тристан се засолнил во Галска, кај војводата Жилен, кој имал волшебно шарено кутре, кое имало моќ да ги развесели сите. Тристан ја ослободил неговата земја од џинот Урган Влакнестиот, а како награда го земал волшеното кутре и и го пратил на Изолда за да ја развеселува.
ИЗОЛДА БЕЛОРАКА
Патувајќи низ светот Тристан сакал да избега од болката што ја чувствувал. Така стигнал до земјата Бретања, со која владеел војводата Хоел, кој бил во војна со гроф Риол. Тристан отишол во замокот Каре, каде што се криел војводата Хоел, заедно со неговиот син витезот Каердин. Тристан им помага во борбата со Риол. После нивната победа останува кај нив да живее, а како почит за храброста и помошта му ја дале нивната ќерка Изолда Белорака за жена. На нивната прва брачна ноќ Тристан сватил дека згрешил што ја земал за жена, бидејќи тој не може да сака друга жена освен Изолда Златокоса.
КАЕРДИН
Изолда Белорака му кажала на својот брат Каердин, дека Тристан не спие со нејзе. Овој навреден отишол кај Тристан, тогаш Тристан му го раскажува целиот свој живот и неговата најголема мака и причината зошто не спие со Изолда Белорака.
Богатиот гроф Каријадо, кој постојано и изразувал љубов на Изолда Русокоса, и на секое бил одбиван, и кажал на кралицата дека Тристан веќе не ја сака и дека се оженил со друга.
Тристан и Каердин заедно заминале во Тинтејџел, за Тристан повторно да ја виде Изолда Русокоса.
ДИНА ОД ЛИДАН
Дина и однесил порака од Тристан на Изолда, како потврда го покажал престенот со зелен јаспис. Поради недоразбирање, кралицата помислила дека Тристан се откажал од нејзе и затоа не сакала ни да слушне за него. И го избркала.
ПОЛУДЕНИОТ ТРИСТАН
Заминал од Каре без да каже на никој. Решен по било која цена да ја виде Изолда. Преправен како луд питач, со избричена глава и парталиви алишта, влегол во градот. Успеал да се доближе до кралот Марк и кралицата Изолда. На смеа почнал да кажува пред сите присутни работи што само тој и Изолда ги знаеле. Сите се смееле, само Изолда била вознемирена. Се повлекла во својата соба и заплакала. Тристан, преправен како итар шут, тргнал по Бранжита и влегол во собата на Изолда. Кучето Издан, го познал својот господар, но не и Изолда. Се додека не го видела престенот. Така преправен како шут, Тристан успевал секоја вечер да оде кај Изолда. Се додека некој слугинки не се посомневале во него и го известиле Андре, кој поставил стража пред собата на кралицата.
СМРТТА НА ТРИСТАН
Кога се вратил во Бретања, во Каре, помагајќи му во битката на Каердин со барон Бедалис, бил тешко ранет со отровно оружје. Никој не можел да го излекува. Знаел дека му се ближе крајот, затоа посакал за последен пат да ја виде Изолда Русокоса. Додека му ја кажувал својата желба на Каердин, Изолда Белорака скриена во соседната соба успеала се да слушне, поради што станала многу гневна.
Каердин заминал да ја донесе Изолда Русокоса. Се договориле со Тристан дека кога ќе се враќа ако ја носе со него Изолда да го развее белото едро, ако се враќа сам да ги дигне црното ердо.
Каердин ја нашол кралицата Изолда и ја пренел веста за Тристан, како доказ дека е негов гласник го покажал прстенот. Изолда Русокоса без двоумење успеала да избега и да се каче на бродот со Каердин. Каердин на пристаништето го убива Андре предавникот. Така им се одмаздиле на сите предавници што ги мразеле заљубените, Ганелон, Гондоин, Деноален и Андре. И отпловуваат кон Тристан.
Тристан очајувал во Каре. Во живот го одржувала само помислата дека ќе ја виде Изолда Русокоса. Најпосле се појавило белото едро во далечина. Изолда Белорака му кажала на Тристан дека ја видела лаѓата, но кога тој ја прашал какво едро има на нејзе, Изолда Белорака знаејќи го нивниот договор, за само да му наштети му рекла дека се гледа црно едро. Тогаш Тристан очаен испуштил душа. Кога го видела Изолда Русокоса нејзиниот љубен дека е мртов, легнала до него го гушнала и во миг умрела.
Кога крал Марк слушнал за нивната смрт, отишол, ги земал нивните тела и ги закопал во два различни гроба во една капела, едниот на едниот крај, другиот на другиот крај. Ноќта, од гробот на Тристан растел растела капина, пораснала на покривот и над капелата се до гробот на Изолда. Колку и да ја сечеле, капината секоја ноќ растела до истото место. Тогаш крал Марк наредил веќе никој да не ја сече капината.
Романот Тристан и Изолда можете да го купите во Книжарница БОНИГА Неготино
Comments
Post a Comment