ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда. Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага. Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга. После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува негов...