Skip to main content

Сердарот - Автобиографија Глигор Прличев

    На почетокот од книгата е опеана смртта на Кузман, јунак голем. Кој бил убиен од Гега, албанецот. За време на бојот.

    Кузман бил толку силен што дури и ранет продолжил да се боре, така и го убил својот убиец. А Албанците поради неговото јунаштво го земале неговиот труп од бојното поле и го однеле кај мајка му, за да му одадат почит на него и на неговата мајка. 

    Кога разбрала неговата свршеница дека Кузман е мртов од тага се замонашила. И цел живот останала да тагува за него.

                                                    .................................................................

    - Глигор ја пишува својата автобиографија, бидејќи смета дека сите биографии се полезни.

                                                    ................................................................

    Роден во Охрид на 18ти Јануари 1830-1831 (не го знае точно датумот на раѓање).

Татко му починал млад, додека тој заедно со двајцата браќа и едната сестра сеуште биле мали и уште едно шест месечно бебе. За нив се грижеле дедо им и мајка им.

        Мајка им вредно работела.

    Дедо му почнал да го уче Глигор да чита и го запишал на училиште. На училиште додека оделе им се смениле неколку учители, кој што скоро ништо не ги учеле. Среќа Глигор многу сакал да чита, па затоа напредувал. Не сакал да оде на училиште, зошто му било досадно, а и често биле тепани од учителите. Се додека не дошол да ги учи учителот Миладинов. Тогаш многу напреднале учениците и Охридското школување.

    Глигор почнал да заработува по некоја пара, преведувајќи книги и продавајќи јајца и цреши.

    Решил да го продолже своето школување во Грција на Атинскиот универзитет по медицина. После година дена се враќа дома и почнал да работе како учител. После 2 години учителство во Битола и 6 години во Охрид, се враќа во Атина на медицина. Додека студирал, пишувал и стихови. Тогаш ја напишал ,,Сердарот,, и конкурира на Атински конкурс, каде што била прогласена за најдобра творба, но спорно било тоа што не бил грк.

    Добил Ловоров венец и паричен дел како хаграда. Истата година излегува од печат.

    Веднаш почнал со пишување на поемата ,,Сердарот.

    Се враќа во Охрид, каде почнал да работе како учител. Заедно Јаким Сапунџиев ја почнал борбата за воведување народен јазик во училиштата. Кратко престојува во Цариград. По враќањето назад уште посилно се боре за воведување на словенското писмо во Македонија. 

    Во 1868 година турската власт го затвара. После затворот оде во манастирот св.Јован Бигорски. Воодушевен што во него се служе на старословенски јазик. Во 1869 година во Охрид се воведува народниот јазик во училиштата.

    Ја препева Хомеровата Илијада. Во 1872 година ја објавува песната ,,Во илјада седумстотин шездесет и второ лето,,. Во периодот меѓу 1883-1890 година учителува во бугарската машка гимназија во Солун. Во овој период ја пишува својата Автобиографија, која е објавена по неговата смрт, во Зборник за народни умотворби, науки и книжнина.


Сердарот - Автобиографија Глигор Прличев можете да ја најдете во Книжарница БОНИГА Неготино

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...