Кој сум јас? Многу често се прашуваме: Кој сум јас? Зошто постојам? Зошто сум тука? Која е целта на моето постоење? Верувам дека секој еден човек си ги поставува овие прашања сам на себе, уште во првиот момент кога научил да размислува. Разликата меѓу нас, разликата од еден до друг човек е одговорот на овие прашања. Ќе ви кажам на кратко за себе. Порано кога си ги поставував овие прашања, едноставно немав одговор на нив. Се чувствував како изгубена, а моите чувства и мисли беа и моја реалност. Ги слушав другите да ми кажат која сум јас. Очекував од другите да ја знаат целта на моето постоење. Гледав што прават другите и пробував да го копирам истото, да се вклопам во околината. Колку повеќе се трудев, толку повеќе ја губев сликата за тоа која сум јас? зошто сум тука? која е мојата цел? Животот го чувствував како товар. Имав чувство како да сум изгубена. Се случуваше да завршам на некое место, без воопшто да знам зошто сум таму во тој момент. Како другите да ме водеа и да одлучуваа...