Кој сум јас?
Многу често се прашуваме: Кој сум јас? Зошто постојам? Зошто сум тука? Која е целта на моето постоење?
Верувам дека секој еден човек си ги поставува овие прашања сам на себе, уште во првиот момент кога научил да размислува. Разликата меѓу нас, разликата од еден до друг човек е одговорот на овие прашања.
Ќе ви кажам на кратко за себе. Порано кога си ги поставував овие прашања, едноставно немав одговор на нив. Се чувствував како изгубена, а моите чувства и мисли беа и моја реалност. Ги слушав другите да ми кажат која сум јас. Очекував од другите да ја знаат целта на моето постоење. Гледав што прават другите и пробував да го копирам истото, да се вклопам во околината. Колку повеќе се трудев, толку повеќе ја губев сликата за тоа која сум јас? зошто сум тука? која е мојата цел? Животот го чувствував како товар. Имав чувство како да сум изгубена. Се случуваше да завршам на некое место, без воопшто да знам зошто сум таму во тој момент. Како другите да ме водеа и да одлучуваа за мене. Затоа многу често за сите мој ,,лоши одлуки,, и ,,неуспеси,, мислев дека некој друг ми е крив, некој од недвор, а може и сите да се криви. Сите освен ЈАС.
Денес знам дека тоа што го мислиме тоа и не опкружува, тоа го живееме, тоа е нашата реалност. Денес внимавам кое е моето опкружување. Внимавам од кој слушам совети. Секогаш свесно ги бирам позитивните мисли и чувства. Свесно се насочувам кон тоа што ми носе убавина во срцето, во мислите, во душата. Многу често некој луѓе знаат да ми речат Зошто ми се лутиш? Зошто не ми зборуваш? Јас не се лутам, па дури и кога некој навистина многу ќе ме повреде со некоја негова постапка или зборови. Зошто знам дека се што ми се случува е моја креација. Не дозволувам туѓото однесуваме да влијае на мојата реалност. Затоа и многу често ги избегнувам негативните луѓе, луѓето што постојано се жалат на нешто. Дури немам желба и енергија да ги слушам, не пак да им одговарам. Не сакам нивната реалност, нивната ниска фрекфенција да биде во близина со мојата. Тоа не значи дека не сум свесна за опкружувањето. Тоа значи дека едноставно бирам висока фрекфенција за себе, бирам поубав живот за себе. Бирам насмевка. Бирам љубов. Бирам среќа. Бирам пари. Бирам изобилие. Зошто знам дека го има, дека постои за секој што ќе го одбере.
Пред некој ден бевме кај Сашо и Кармен на Ретрит Таб Тим забава. На крајот од забавата останавме неколку најупорни. Се собравме на една маса и почнавме да зборуваме за цели, за иднина и минато. Јас додека седев во тишина, го имав тоа чувство на Президент Тим, како да веке сум Президент Тим, јас го живеам Президент Тим. И сум среќна со и без ова достигнување, зошто знам дека сум. Исто како што знаев дека станот ќе го направам два апартмани и ќе имам висока оценка на Букинг, како резултат на задоволни гости. Исто како што знаев дека ќе станам Гет Тим како резултат на задоволни конзументи и дистрибутери кој што ќе сакат и ќе успеат да си го променат животот на подобро. Како што знаев точно на која дата ќе добијам 5.000 евра, без да знам од каде и како. Како што знаев дека ќе имам моја кола, без да знам од каде и како. Како што знам дека ќе имам голема вила со приватен базен и со 10 апартмани. Е така знаев дека јас сум веќе Президент Тим. Тоа за мене е решено. Тоа е тука со мене, во мене. Верувам дека после точно една година, на 17.08.2022 година кога ќе го читам ова, јас сум Президент Тим. Јас сум во мојата реалност. Јас сум во ТОП 1% на Herbalife дистрибутери.
Ова го пишувам најпрво за себе, бидејќи многу се радувам кога манифестирам работи. Го пишувам за мојте деца, бидејќи знам дека можат и повеќе од мене, зошто ги гледам како ги остваруваат нивните манифестации, и се надевам дека многу брзо ќе станат свесни за истите. Го пишувам за секој еден што ќе го прочита овој пост и бара барем еден најмал знак дека е на вистинскиот пат. ДА, ВЕРУВАЈ ти си на вистинскиот пат до твојата нова реалност и манифестација.
Во некој нареден пост ќе се потрудам да ги сликам манифестациите кој што ми биле запишани на лист и биле остварени со точна дата и баш така како што сум ги замислувала. Зошто знам дека се што постое на земјава, во светот, во вселената, во универзумот, некогаш било само една мисла, една сулна желба, еден сон. За многу кратко време станало реалност и физичка манифестација.
Comments
Post a Comment