Нашите доблести може да ги направат среќни другите Дали некогаш сте размислувале - Какво влијание имате врз другите луѓе? - Како се чувствуваат луѓето во мое присуство? - Дали можам на некој да му помогнам? - Дали може на некој да му го разубавам денот? Тоа што го носиме во нас, го гледаме во другите луѓе. Ако негуваме позитивни мисли во нас, секој што ќе го сретнеме имаме можност позитивно да му влијаеме. Многу често можеме да слушнеме дека смеата е заразна. Кога гледаш некој дека се смее, без да знаеш зошто се смее тој човек и ти почнуваш да се смееш. Кога некој е тажен, без да ти каже дека е тажен, ти ја чувствуваш неговата тага. Така без да бидеме свесни ние си влијаеме едни на други. Кога ќе бидеме повеќе свесни за нашите чувства и однесување, свесно ќе почниме да се менуваме себе си. Свесно ќе ги препознаваме нашите мисли и однесување, а со тоа свесно ќе почниме да го правиме светот едно поубаво место за живеење. ...