СРЕДБА СО СУШТЕСТВО ОД ДРУГА ПЛАНЕТА Се враќам од училиште и незнам од која причина, но како нешто од внатре да ми велеше дека треба да забрзам со чекорите и да продолжам кон споменикот десно, наместо кон дома. Го чувствував сонцето како ми ја шече кожата, а необичен ветер се повеќе дуваше на кај споменикот. Тука сум веќе, на споменикот. Ни самиот не сум потполно свесен зошто и како дојдов тука. Ветерот веќе не дува на десно. Тука горе тоа беа кружни движења на ветрот. Љубопитно се доближив до кружниот ветер и за секунда бев внатре во средината. Како во некој вртолом, само што сесе движи во круг, само јас стојам. Толку, нема веќе ветар, нема никакво движење. Само што помислив дека ми се присторува дека пред секунда имало ветрови и решив да си одам дома. Кога позади мене стоеше едно необично суштество. Полу проѕирно, со пипки на прстите, кој му светеа во флуоросцентно зелена боја. С...