СРЕДБА СО СУШТЕСТВО ОД ДРУГА ПЛАНЕТА
Се враќам од училиште и незнам од која причина, но како нешто од внатре да ми велеше дека треба да забрзам со чекорите и да продолжам кон споменикот десно, наместо кон дома. Го чувствував сонцето како ми ја шече кожата, а необичен ветер се повеќе дуваше на кај споменикот.
Тука сум веќе, на споменикот. Ни самиот не сум потполно свесен зошто и како дојдов тука. Ветерот веќе не дува на десно. Тука горе тоа беа кружни движења на ветрот. Љубопитно се доближив до кружниот ветер и за секунда бев внатре во средината. Како во некој вртолом, само што сесе движи во круг, само јас стојам.
Толку, нема веќе ветар, нема никакво движење. Само што помислив дека ми се присторува дека пред секунда имало ветрови и решив да си одам дома. Кога позади мене стоеше едно необично суштество. Полу проѕирно, со пипки на прстите, кој му светеа во флуоросцентно зелена боја.
Стојам, не се подместувам. Дали да бегам или да чекам негова реакција? Тогаш сватив дека и тоа се чувствува исто како мене. Во раката држев шише со вода, помислив дека можеби е жедно, може затоа што во тој момент и јас почувствував дека сум жеден. Му го подадов шишето во знак на соработка. Суштеството без да се подмести го зема шишето и се напи од вадата. Се доближи до мене. Ми го врати шишето и нежно ме допре за раката, со едниот прст. Осетив блага топлина од неговиот допир. Во дел од секундата во мислите ми помина краток филм од мојата иднина.
Се беше толку убаво и реално. Кога ги отворив очите суштеството веќе не беше тука. Само јас и моето шише бевме сведоци на оваа чудна случка.
Од тој миг јас длабоко во себе знам дека што и да се случи денес, утре ќе биде прекрасен ден. И така секое наредно утро цо иднината.
Тема за писмена по Македонски јазик, за 4то одделение
Comments
Post a Comment