Просветителската дејност на Кирил Пејчиновиќ, Јоакин Крчовски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски
Просветителската дејност на Кирил Пејчиновиќ, Јоакин Крчовски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски Главна карактеристика на македонското просветителство биле отворањето на училишта на народен македонски јазик во црквите и манастирите. Покрај отварањето на училиштата, во текот на просветителството во Македонија за првпат се започнати собирањето на народно творештво, пишување и печатење на драмска, уметничка и поучна литература на народен јазик. Најпознати предводници на просветителството во Македонија се: Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчковски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски и други. Со создавањето на македонската граѓанска класа расте свеста за неопходноста од употреба на народниот јазик во црквите и училиштата, како и потребата за печатење книги за таа намена. На почетокот од 19. век, во време на османлиско владеење и грчка доминација во црквите, зачувувањето на верата и јазикот значи зачувување на националноста. Првите просветители, сфаќајќи ја нужност...