Просветителската дејност на Кирил Пејчиновиќ, Јоакин Крчовски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски
Просветителската дејност на Кирил Пејчиновиќ, Јоакин Крчовски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски
Главна карактеристика на македонското просветителство биле отворањето на училишта на народен македонски јазик во црквите и манастирите. Покрај отварањето на училиштата, во текот на просветителството во Македонија за првпат се започнати собирањето на народно творештво, пишување и печатење на драмска, уметничка и поучна литература на народен јазик. Најпознати предводници на просветителството во Македонија се: Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчковски, Јордан Хаџи Константин Џинот, Теодосиј Синаитски и други. Со создавањето на македонската граѓанска класа расте свеста за неопходноста од употреба на народниот јазик во црквите и училиштата, како и потребата за печатење книги за таа намена. На почетокот од 19. век, во време на османлиско владеење и грчка доминација во црквите, зачувувањето на верата и јазикот значи зачувување на националноста. Првите просветители, сфаќајќи ја нужноста од зачувување на верата со своите проповеди се обидуваат морално да го подучат неукото македонско население. Тие се против пиењето, против незнаењето, суеверието, развратот, лошите човекови особини, против нехристијанското празнување и воопшто однесување. За да му се приближат на неукиот народ тие го користат народниот говор и на истиот тој јазик ги отпечатуваат своите книги – првите книги на народен македонски јазик. Тие не се оригинални автори, зашто нивните текстови се обично прераскажани познати религиозни текстови, но значењето е во свеста што црковнословенскиот јазик го заменуваат со народниот. Јоаким Крчковски како првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата. Тој во својот работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој управувал црковнословенски елементи. Во неговото творештво се забележува продолжување на средновековната книжевна традиција, иако тој бил и под влијание на француското просветителство, кои дошле преку влијанијата Доситеј Обрадовиќ од Србија. Неговите дела се отпечатени во печатницата во Будим, а поради опасноста од елинизација тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф. Неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик, на кратовско-кривопаланечки говор, со примеси од западните говори, и црковнословенски елементи. МПЦ-ОА на 22.05.2022 година го канонизираше просветителот и игумен Јоаким Крчовски за светител, со света божествена литургија, која се одржа во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Кирил Пејчиновиќ е македонски просветителски автор кој своите дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современата македонска книжавност. Пејчиновиќ се смета за дел од бугарската книжевност, иако пишувал на македонски, тетовски говор. Тој зад себе оставил три книги: првата е ,,Книга сија глаголемаја Огледало,, втората е ,,Утешение грешним,, и последната е Житие на Кнез Лазар,, од кои отпечатени му се првите две. Делото ,,Житие на Кнез Лазар,, е всушност последната хагиографија во македонската и во јужнословенската книжевност, воопшто. Освен ова, Пејчиновиќ напишал и еден епитаф во кој е сместена целата негова биографија и денеска претставува надгробен натпис на Кирил во манастирот во Лешок. Пејчиновиќ има поизграден, односно личен стил, особено кога раскажува случки од секојдневниот живот на селаните. Тој користи дијалошка форма со што за првпат им дава можност на обичните селани да проговорат во книга и тоа наменета за богослужба. Јазикот на Пејчиновиќ е народен, тетовски говор, со примеси на црковнословенизми и турцизми. Значењето на Пејчиновиќ, покрај отпечатените книги, е и во тоа што го подучувал населението, обновувал цркви и манастири, како и тоа што собирал стари ракописи и средувал манастирски библиотеки за да ги зачува националните вредности. Со помош на ширењето на верската просвета на народен јазик со црковно словенски елементи од една страна на Јоаким Крчовски, и со помош на просветителската авторска дејност на Кирил Пејчиновиќ, тие двајца заедно ја претставуваат првата генерација писатели во современата македонска книжевност, и затоа тие претставуваат почеток на новата македонска литература. Теодосиј Синаитски бил македонски преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во1828 година се нашол во Синај – во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски. Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов – Џинот и со други преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори македонска печатница во Солун 1838 година. Во првите три години во неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од солунската чаршија. Набргу по несреќата, со материјална помош од Кирил Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век. Јордан Хаџи Константинов – Џинот бил македонски просветител (еден од зачетниците на просветителството во Македонија), роден кон крајот на 1821 или на почетокот на 1882 година, во Велес, Прцорек (познато велешко маало), на левата страна на Вардар. Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во 1845 година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “Плач на скопското училиште многотрудное” (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за отворање на училишта и борбата со грчкоманските свештеници и чорбаџии; “Дионис Вакхо” ; “Труд ми е името”, која е вистинска апотеоза на трудот; “Рај божји”; “Аврора” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; “Крај реката Вардар” и “Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера”, која е една од најдолгите песни во Македонија од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата Света Богородица. Тоа се “Миневра и девет музи”, “Разговор или прави человек”, “Училиште и учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја в земел своих”. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно со Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски.
Comments
Post a Comment