Со парите се купува се, но не и среќата Многу често луѓето среќата ја поврзуваат со предмети, со цели. Кога ќе завршам школо, ќе бидам среќен. Кога ќе се вработам, ќе бидам среќен. Кога ќе положам за кола, ќе бидам среќен. Не свесни дека среќата не е во предметите, во парите, во целите. Среќата е во патувањето до посакуваната цел. Среќата е во малите секојдневни работи, чекори, ритуали. Среќата ја носиме во себе. Ако не успееш да ја најдеш и да ја всадиш во себе, да биде дел од тебе, твое секојдневие, знај дека нема да ја најдеш ни надовр од себе. Парите се важен дел од нашиот живот. Тие се енергија што ни помагаат да имаме добар и удобен живот. Кога имаш пари не се грижиш за тоа дали ќе имаш што да јадеш денес, дали ќе можеш да си платиш добро школување. Да парите се за да ни служаат нас, не ние да им служиме нив. Затоа е важно да имаме отворена и здрава врска, однос со нас, без да се врзуваме емоционално. Кога ќе ја најдеш среќата во себе, без разлика каде се наоѓаш, со кој си, ...