Верувањето е само мисла што постојано ја мислиш . Ние се идентификуваме со нашите мисли и тие ни стануваат реалност. Ти се има случено некогаш да испаднеш од твоето опкружување и да слушнеш еден поинаков начин на размислување, на гледање на работите, на живеење, и се чудиш, Како можат овие луѓе така да живеат? Баш заради нивните мисли, ете како. . Кога ова ќе го спознаеш има и еден олеснителен дел за себе. Значи не мора на овој начин да ги живеам и доживувам ситуациите кои што не ми служат позитивно. Значи има и друг подобар начин, со кој што ќе чувствувам ведрина, радост и љубов додека ги работам . Се што треба е да ја смениме нашата мисла. Да користиме мисла што ни служе позитивно. . Сега доаѓа другото прашање, Како ќе знам дека таа е вистинската мисла што ќе ми служе? Тука е добро тоа што нема ,,вистинска мисла,, со текот на времето, ако продолжиш да работиш на тоа се повеќе да имаш мисли кои што позитивно ти служат, ќе ја јадеш најдобрата за себе а знаеш дека си на добар па...