Skip to main content

„Недоразбирање“ од Албер Ками

 


Прв чин

Дејството се случува во некое запустено, зафрлено место, поточно во еден мотел каде мајката и ќерка ѝ Марта издаваат соби на случајните, ретки минувачи. Луѓето што доаѓаат во нивната крчма се жртви на рамнодушност на Марта кон животот – таа ги убива тешејќи се дека мирно и спокојно ги праќа во „другиот свет“, без болка, успивајќи ги, баш како што таа (и мајка ѝ) би сакале да си умрат. По 20 години минати на печалба, Јан, нивниот брат и син, се враќа во својот роден крај носејќи пари со кои планирал да ги усреќи своите најблиски. Отпрвин, на негово големо чудење, тие не го препознале. Спротивно на советите на неговата сопруга, Марија, тој се решава да не го открива својот идентитет, за да одблиску ги запознае карактерите и желбите на неговите мајка и сестра. Во овој чин се откриваат и изопачените нарави на двете сопственички на пансионот, кои ги ограбувале и убивале побогатите гости, со цел остварување на соништата на Марта за живот крај морето. Во меѓусебен договор, Мајката и Марта одлучуваат истата судбина да го снајде и Јан.

Втор чин

Вториот чин се одвива во хотелската соба, каде низ дијалогот помеѓу Марта и Јан, на виделина излегува бездушната и ладнокрвна природа на Марта наспроти топлите и наивни карактерни црти на Јан. Погубувањето течело според планираното. Старецот (слугата) му го носи отровниот чај. Јан го испива чајот од кој паѓа во бессознание, а подоцна Марта и Мајката го фрлаат неговото безживотно тело во реката.

Трет чин

Средувајќи, Старецот го наоѓа пасошот на туѓинецот и ѝ го подава на Марта. Таа тогаш за првпат го чита името и иако дознава што се случило – не реагира никако, сосема мирно и студено само ѝ го дава на Мајката за и таа да ја дознае вистината. Откако дознаваат кој навистина бил новодејдениот гостин, мајката паѓа во голем очај и се самоубива давејќи се во реката. Од друга страна, пак, Марта не покажува никакви емоции при дознавањето на целата вистина. Откако Марија, сопругата на Јан, загрижена од предолгото отсуство на нејзиниот сопруг ќе се распраша што станало со него, ќе остане вџашена и скршена од новонастанатата ситуација. Гледајќи дека не може да најде утеха во нечовечноста на Марта, таа го повикува Господ да и помогне. Господ се јавува во ликот на стариот домар, и решително и одговара: НЕ, нема да и помогне.


Сите лектирни изданија за средно образование можете да ги најдете во Книжарница БОНИГА Неготино


Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...

Роман за Тристан и Изолда - Жозеф Бедие

     ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда.      Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага.      Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга.     После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува негов...