Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2025

Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи

  Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи      Сите ние сме едно исто. Колку и да изгледаме различно, да посакуваме различни работи, да се однесуваме различно, сепак на крај сите кон исто тежнееме. Сите бараме љубов.       Сите ние сме љубов.      Насмевката е најлесниот и најбрзиот пат до будење на љубовта во нас. Кога имаш тежок, ден една насмевка може да ти го промени денот, во истиот миг. Кога некој во твоја близина се смее, и ти без причина почнуваш да се смееш. Една насмевка, која што ни ги активира сите мускули на лицето. Околу усните. Околу очите. Околу челото. Верувам дека имате слушнато дека ние луѓето знаеме да се смееме и со очите. Насмевка од која ти заигрува стомакот. Ти се затоплува срцето. Ех, таа насмевка златни врати отвара. Таа насмевка во нас буди топлина, љубов, среќа, радост.     Знаеш некогаш можеш да бидеш и сам со себе, без никакво дејствие, ќе се сетиш на таа насмевка...