Skip to main content

Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи

 

Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи


    Сите ние сме едно исто. Колку и да изгледаме различно, да посакуваме различни работи, да се однесуваме различно, сепак на крај сите кон исто тежнееме. Сите бараме љубов. 

    Сите ние сме љубов.

    Насмевката е најлесниот и најбрзиот пат до будење на љубовта во нас. Кога имаш тежок, ден една насмевка може да ти го промени денот, во истиот миг. Кога некој во твоја близина се смее, и ти без причина почнуваш да се смееш. Една насмевка, која што ни ги активира сите мускули на лицето. Околу усните. Околу очите. Околу челото. Верувам дека имате слушнато дека ние луѓето знаеме да се смееме и со очите. Насмевка од која ти заигрува стомакот. Ти се затоплува срцето. Ех, таа насмевка златни врати отвара. Таа насмевка во нас буди топлина, љубов, среќа, радост.

    Знаеш некогаш можеш да бидеш и сам со себе, без никакво дејствие, ќе се сетиш на таа насмевка, и така, сам со себе, почнуваш да си се смееш. Почнува убаво да ти биде. Знаеш дека тогаш , во тој миг, ти си поврзан со своето битие. Зошто, е баш таа насмевка ти кажува, и ти покажува, дека тоа си ти вистинскиот. Тогаш се присетуваш, дека тука си, постоиш, баш поради таа насмевка, таа радост, таа љубов.

    А знаеш како најдолго можеш да ја одржуваш насмевката?

    Се подолго ќе биде со тебе, во тебе, ако го работиш тоа што најмногу го сакаш. Ако научиш да ја пронајдеш во малите нешта. Ако научиш да ја пронајдеш во себе. А дури тогаш, ти ќе бидеш причината за насмевките не само во себе, туку и за насмевките околу себе. Тогаш, денот побрзо ќе ти мине. Тогаш, денот, планетава, поубави ќе ти бидат. Тогаш ти за себе доволен ќе бидеш.

    Затоа смеј се, зошто една насмевка чуда прави.

    


Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...