Книгата отворен прозорец кон светот Книгата е сета мудрост на човештвотото. Преку книгата учиме и се развиваме. Ниеден човек не се родил учен. Со помош на книгата можеме да видиме и посетиме многу места. Да ги доживееме авантурите на морепловците, да ја посетиме вселената и да мечтаеме меѓу ѕвездите. Преку пишаниот збор на големите мислители да стекнеме знаење, да учиме од нивното искуство и да ги применуваме нивните совети во животот. Во книгата ни се пренесени и толкувани старите знаења. ,,Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе." Колку порано почнеш да учиш, толку порано ќе одиш со цврсти чекори по патот на знаењето. А само со помош на знаењето се станува Голем и Слободен човек. Тој што чита има широки видици, знае дека секогаш постои нешто повеќе. Дека таму некаде се случуваат убави, големи работи кој што секој може да ги почувствува, да ги има и да ужива во нив. ...