Личноста која што ме воодушевува со своите постапки
Искрено да Ви кажам, седам и се двоумам. Дали да пишувам за некој лик за кој што имам читано, но не го познавам или да пишувам за некој што го познавам. Решив да пишувам за некој што го познавам, што го гледам и среќавам постојано. Решив да пишувам за татко ми. Не затоа што ми е татко, туку затоа што стварно ме воодушевуваат неговите постапки.
Татко ми, Никола Андонов е специјалист стоматолошки протетичар. Стоматолог со повеќе годишно работно искуство. Им помага на луѓето и ги лекува нивните заби.
Како член на Rotry клубот во Неготино, тој придонесува и помага во подигнувањето на свеста кај младите за едукација, спорт и взаемно помагање.
Веќе три години е активен планинар. Има искачено повеќе врвови, меѓу кој би ги наброил Кораб, највисоката планина во Р.Македонија и Мусала, највисокиот врв на Балканот.
Покрај сите негови обврски и активности тој секогаш наоѓа време за нас. Ни помага и не подучува. Често знае да рече: ,,-Деца, никогаш не се откажувајте од тоа што го сакате. Не успеале само тие што се откажале."
Тој е човек со принципи и високи стандарди. Секогаш го остварува тоа што си го зацртал. Бара нови предизвици, со помош на кој што би се изградил во подобра личност. Неговиот последен предизвик беше Скопскиот маратон, кој успешно го заврши.
Би сакал да ја имам неговата решителност и истрајност. Да се надоградувам и стремам да станам подобра личност.
Затоа овој состав му го посветувам нему.
Упатството за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на овој линк.
За активација на кодот за попусти за долготраен попуст од 25%, 35%, 42% и 50% во чекор 3 треба да внесете податоци за вашиот спонзор ИД број - MKY0000200, првите три букви од презимето - AND
Тука сме за да се подржуваме едни со други ❤️
Со среќа на сите 🥂
Comments
Post a Comment