Моето маало!
Седам и се мислам, што да Ви кажам за моето маало. Да почнам од малите или од големите?
Кај нас во маало ти е како во училиште. Сите мирно си седат по дома, а најмирни се тие од шести реон. Имаме и наставници, па нели училиште без наставници не бива. Тука е баба Родна, наставничка во пензија, па Маја-наставничката по македонски јазик, Андријана, Весна и Марина.
Знаете и кога ќе размислам подобро, во нашето маало има повеќе наставнички од колку деца. Елена ни е најголема, веќе е средно училиште и многу не ја гледаме. А Мелани ни е најмалото, но таа е толку малечка што не знае ни сама да јаде.
И на крај останавме само јас и брат ми Владимир. Но, ние си имаме уште едно маало, нашето online гејмерско маало. Тоа ти е нешто како цел свет на едно место. Кога и да се вклучиш online секогаш има некој присутен и расположен за игра. Не има од цел свет и на сите возрасти.
Bravos, toa e ralnosta
ReplyDelete