З А С П А Н И О Т З М Е Ј
Ана е мало уплашено девојче. Толку е уплашена што дури и кога излегува од дома секогаш внимава на околината околу себе. Кога си легнува да спие од страв срцето и чука толку силно што не може око да затвори. Сон не и доаѓа. Покриена со ќебето преку глава. Се превртува, но ќебето не го трга од себе. Само така се чувствува барем малку безбедна.
Еден ден другарите на Ана со возбуда почнаа да раскажуваат за Пелистер. Тој страшен и тежок врв на Баба Планина. Место што многумина неможат да го искачат, но тие што го искачиле скоро секогаш успевале да го разбудат заспаниот Змеј. Змејот што ти кажува како да го победиш стравот. Најголемиот непријател на Ана. Незнаејќи во што се впушта, Ана како водена од нешто посилно до нејзе, без многу размислување се пријави. Колку и да звуче страшно мора да оде на Пелистер. Мора да проба да го разбуде змејот.
Некој од другарите на Ана се загрижени за нејзе. - Дали ќе успее? - Можеби е подобро да си остане дома под ќебето?
Не, Ана е веќе решена. Нема враќање назад.
Тргнаа рано во мугрите. Ана е изненадена колку многу луѓе се собрани и решени да го посетет Пелистер и можеби да го разбудат заспаниот Змеј.
Почетокот е лесен. Дури на момент и поминува мисла дека можеби не е на вистинското место. Дека некој нешто има згрешено или во патот кој води до посакуваното место или во претходното опишување на целото тоа место. Сепак продолжува да оди. Стигнаа до една дрвена колиба. Добија топол чај и место за одмор. За многумина од посетителите ова е местото на искушението. Се слушат коментари и шепотења. - Доволно е до тука. - Дај да се одмориме а да се вратиме назад. - Нагоре е ладно, стрмно и тешко.
Погледнува нагоре Ана. Можеби за миг и се согласи со некој од коментарите, но во истиот тој миг се сети зошто дојде овде. Не, не дојде за да се откаже. Не дојде до овде, за пред крајот да се откаже. Мора да оде до горе, до врвот. А тука беше и Наќе нејзиниот најдобар другар, кој рече дека ќе биде со нејзе до крај.
Тргнаа нагоре кон височините. Денот е прекрасен. Сонцето по малку ги топле. Како одат нагоре е се потешко. Им снемува сила. Почна да врне снег. Ранците и снагата се повеќе им тежат. Сите се побрзи од нив двајцата. А тие што мислат дека нема да успеат полека почнаа да се откажуваат. Ова е второто искушение за нив.
Продолжуваат да одат нагоре кон непознатото и се прашуваат дали и тие треба да се вратат. Секако не знаат што ги чека горе. До нив застана една бабичка и го наслушна нивниот разговор. - Немојте да се враќате, уште толку малку имате до горе. Ќе успеете. Само продолжете така.
Како само малку да им требаше мотивација. Бабата им беше знак, потик за повеќе. Дека ДА тие можат и повеќе од ова. Сега уште посилно почнаа да чекорат нагоре. Наеднаш толку густа магла се обви околу нив. Ништо не се гледа. Само маглата и тие двајца. Веќе ни бабичката ја нема. Почнаа да се прашуваат. - Дали се откажа бабичката? - Дали тие само ја измислија нејзе затоа што им требаше некој да ги подбутне?
Во тој момент маглата како да се разиди. Пред нив се отвори врвот. Тука се! Стигнаа! Тука се сите тие што не се откажаа. Тука е и заспаниот Змеј. Да, тука е и Мурето. Незнам дали сите што што се горе го чувствуваат неговото присуство. Но Ана знае. Во тој момент. На тоа место. Знае дека заспаниот Змеј Мурато е буден. Се разбуди за нејзе и сличните на нејзе. Знаеше во истиот оној момент кога за кратко ги избрка облаците и маглата околу нив. Дека е разбуден за да ги пречека. Да ги растргне сите магли и стравови во нивните глави и срца.
Да им каже дека нема ништо пострашно на овој свет како што се страшни нивните мисли. Нашите мисли се креатори на самите нас. Тоа што го мислиш тоа си ти.
Мисли дека можеш и ќе успееш. Мисли дека сакаш и ќе бидеш сакан. Мисли на убави нешта и само убавина ќе те прате. Кога мислите со љубов ти се полни, а срцето од љубов ти чука, знај дека љубов во изобилие ќе добиеш.
Тука горе додека го чувствува неговиот здив знае дека од овој момент веќе ништо нема да биде исто. Дека ова е само почеток на еден долг, но бав пат кон само откривање. И знаеш што ова може да биде и твој пат кон возвишението. Ако сакаш можеш да и се придружиш. Има место за сите. Само треба да бидеш со отворе ум за да можеш да го разбудиш твојот заспан Змеј. Да бидеш со широко отворени очи за да можеш да ја видиш можноста за повеќе. И да дозволиш срцето да почне да ти расте, за да има место за љубовта што ќе треба да ја споделиш.
Сите ние можеме подобро и повеќе од ова што сме денес, само треба мислите правилно да ги насочиме. Никогаш не заборавај кој си и кој сакаш да бидеш. Не дозволувај никој да те убеде дека си нешто помалку.

Comments
Post a Comment