Пролетен пејсаж
Ако некогаш ти треба инспирација или мотивација доволно е само да се сетиш на пролетта.
Како таа успева од цврстата и замрзната земја да ги намами сите тревки и цветови да излезат. Како вешто го ткае своето разнобојно платно со пролетен пејса.
Пролетта ја впиваш со сите сетила. На убавини не можеш да се изнагледаш. Расцветани дрвца. Синото небо со малите, кротки облаци си игра.
Во близина слушаш детски џагор и нежна птичја мелодија. Топлото сонце те грее. Свежиот мирис на пролетта те опијува и привлекува. Зелената мека трева како килим послана те привлекува. Лежиш мирно и само ја впиваш. Ја впиваш таа пролетна убавина, таа нежна убавица. Лежиш на тревата мека и тогаш, во тој момен постоиш само ти и пролетта.
Comments
Post a Comment