ИЗГУБЕНОТО ЌЕСЕ
Шутирајќи по снегот осетил дека нешто шутнал. Кога го погледнал убаво видел дека тоа е ќесе полно со пари.
Целиот затреперил, незнаејќи дали од радост или од страв.
Го ставил ќесето во џеб и почнал да оди долж по улицата. Излозите со убави играчки го привлекувале.
Тогаш му поминала една мисла низ главата. Што ако татко му си го изгубе ќесето со месечната заработка. Како ли му е на тој што го изгубил ќесето.
Истрчал во паркот и повторно го отворил ќесето. Внатре имало лична карта. Го земал ќесето и истрчал на адресата од личната карта.
Од прозорецот ги видел загрижените маж и жена, заедно со две мали девојчиња. Без размислување влегол внатре, им го дал ќесето со пари и заминал. Човекот од личната карта сакал да му се заблагодари, но тој веќе бил далеку.

Comments
Post a Comment