Skip to main content

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА


     1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.
     На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.
     Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано се загледале во мариовци. Така. само што почнале да се спремат за одење мариовци, завршиле со пазарот, наеднаш ги обиколиле стотина сејмени. Кадијата наредил да се фатат децата и да се одведат.
     2. Децата биле одведени во конакот. Таму ги држеле десет дена, ги спремале, ги нараниле, пресоблекле и ги пратиле за инстабул кај Султанот за да ги потурчат и да ги спремат за јаничари.
     3. тредента дедо Богдан кога пристигнал во селотот, целиот скршен од тага им ја кажал жалната вест на синот Трајко и снаата му Велика. Целото семејство тажело по Ангеле.
     Времето полека си минело, сестрата близначка на Ангеле, Анѓа наличувала на брата си, а мајката преку нејзе си се тешела за изгубениот Ангеле. Во комѓиите имало некое врсниче Стојана во кој Анѓа си го препознала изгубениор брат и затоа постојано била со него.
     Така годините си врвеле Анѓа пораснала во мома за мажење и се засакале со Стојана, а и нејзиниот постар брат Јована бил за женење. За него ја одбрале Сирма. Сирмева почнале да се спремат за свадба на зима. Анѓа за Стојана, а Јована со Сирма.
     4. Токму таа есен кога Сирмевци се приготвувале за свадби, прилепскиот кадија заедно со другите бегови решиле да им ја одземат слободата на мариовци. Да се соберат наоружени и да одат да ги ограбат и покорат мариовци.
     Понесени од мислите колку богати ќе се вратат колку убави карки ќе си земат за во нивните хареми, тргнале кон првото село Чаниште. Тој ден бил панаѓур, Петков ден селотот. Во селотот биле дојдени и селаните од другите мариовски села.
     Кога ги виделе Турците дека доаѓаат младите заедно со жените и децата се скриле во црквата. Турците го обиколиле селото и добиле наредба се живо да соберат на сред село. Што било вредно го зимале и го носеле, а другото го уништувале. Кога дошле до црквата и ги виделе сите мариовци што биле собрани внатре настанало колеж. За на крај ја запалиле црквата заедно со селото, ги земале децата од 8 до 12 години, ги земале убавите девојки, меѓу нив била и убавата Анѓа. Во селотот ги оставиле само старите. Дедо Богда умрел на лице место од мака. Како по втор пат ќе им ја каже истата вест на синот и снаата. Следно било селото Лисиче.
     5. Веста се раширила низ мариовските села. Едни од мариовци биле за да одат кај кадијата и на мирен начин да се реше сета ситуација, а другите биле за да се бранат од оваа неправда. Кога поповите Јаков и Димитрија отишле кај кадијата во Прилеп за да барат правда и како доказ ги носеле документите, кадијата им ги земал документите и ги избркал.
     Се организират селаните и со стапови и камења тргнале кај кадијата за да си ги вратат документите, но без успешно. Турците биле повеќе бројни од нив и биле поразени.
     Кадиата предизвика од овој напад по 10 дена пратил вооржени сејмени во Мариово за да ги покори. Арно ама мариовци навреме разбрале за ова и ги пречекале турците на мостот на Црна река и ги победиле.
     Кадијата следиот пат побарал помош од Суљо-ага. Додека се спремале турците за напад, се спремале и селаните за одбрана, ги обезбедиле мостовите за да не може да премине непријателот. Кога стигнале на мостот турците, селаните го срушиле мостот заедно со се турците на него и пак ги победиле.
     6. Кога му ја кажал оваа вест Суљо на кадијата, овој се налутил. Тогаш се сетил да напише писмо до Султан Сулејман. Писмо во кое изнапишал се и сешто за мариовци. И го пратил Суљо лично да му го однесе писмото на султанот.
     7. Поминала цела година од како Анѓа била грабната и затворена во харемот. Кадијата и праќал секакви поклони и скапоцености по неговата помошничка во храмот Ајша, но залудно. Анѓа не сакала ни да чуе за потурчување. Ако не се потурчи кадијата не можел да ја земе за жена, затоа се повеќе настојувал. Кога видел дека не може да ја кандиса, решил да и ја прати потурчената Митра, сега веќе Мигар, за да ја убеди. Наместо Мигар да ја убеди Анѓа да се потурчи, Анѓа и ја покажала слободата и мирот на нејзе. Та после некое време Мигар се самоубила. Од тогаш кадијата мислел дека Анѓа е некоја вештерка, волшебничка. И наредил на Ајше веќе да не и угодува на Анѓа. Само леб и вода за Анѓа. Слугинка ја направиле, да служе во храмот, да ги гледа другите кадани како се веселат и уживат. Со нејзе секогаш била Ајше и постојано и зборувала да се потурчи за и таа да се весели како нив. Анѓа била решена ако треба и ќе умре, но вера не менува.
    8. Една ден турците го грабнаа Ангеле внукот на дедо Богдан додека се на пазар. Ангеле е потурчен и спремен за јаничар.
Анѓа пораснува во убава девојка која се засакува со Стојана, а нејзиниот брат Јована се засакува со Сирма. Кога Сирмевци се спремале за нивна свадбапристигнале турците во селото и ја грабнале Анѓа за во храмот на кадијата.
    Поповите Јаков и Димитрија барале правда кај кадијата во Прилеп. Тогаш им биле одземени документите и избркани. Мариовци организирале и напад, но завршиле безуспешно. Кадијата преку писмо барал помош од султан Сулејман. Анѓа веќе цела година била во храмот, но никако не сакала да се потурчи. Давала голем отпор.Нејзините зборови биле ,,Ако треба и ќе умрам, но вера не менувам."
    Анѓа ја ослобудоваат селаните, што било повод за Мариовската буна. Организирале одбрана во тврдината Пешта. Турците им го пронашле и секнале изворот на вода. Така ги натерале да излезат и да се борат. Ја губат битката Мариовци.
    Анѓа е однесена во Цариград, каде што се среќава со нејзиниот брат Анѓеле, кој бил јаничар. Тие се препознаваат по бенката на ногата. Анѓа никогаш не се потурчува.

Лектирата Калеш Анѓа можете да ја купите во Книжарница БОНИГА Неготино

    Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на овој линк.
    За активација на кодот за попусти за долготраен попуст од 25%, 35%, 42%  и 50% во чекор 3 треба да внесете податоци за вашиот спонзор ИД број - MKY0000200, првите три букви од презимето - AND
Тука сме за да се подржуваме едни со други ❤️
Со среќа на сите 🥂

Comments

  1. Replies
    1. Срце убаво, напиши си твое уште по паметно 😘

      Delete
  2. Јас мислам дека ова е супер прераскажанио и е многу убаво склопено

    ReplyDelete
  3. ОВА Е ЦЕЛОСНО ПРЕРАСКАЖАНО ТАКА?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не, има уште, од 8 дел натаму

      Delete
    2. kade mozam da go najdam od 8mi del natamu?

      Delete
  4. Го има ли негде тоа напишано или?

    ReplyDelete
  5. може ли да ја допрераскажете лектирата??

    ReplyDelete
    Replies
    1. Da dali moze Bojana te molam ziti mene za vo ponedelnik mi e

      Delete
  6. Mene mi pomogna za naskolo bravo

    ReplyDelete
  7. Fala bojana me spasi na golemo🤝🤝

    ReplyDelete
  8. Uste inace ke ima kotek od Дури Фасуљо

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...