Секој период од животот си носи своја убавина
Животот е убав ако знаеш да го живееш!
Често можеш да слушнеш коментар од типот: ,,Убаво му е него, тој е голем оде на работа, има пари, сам одлучува што и како че праве." или коментар како ,,Убаво им е на нив, они се деца, немаат никакви грижи и обврски, само треба на училиште да одат и да учат."
На секој од нас може да ни биде баво, без разлика на нашата возраст, место на живеење или период од животот.
Се што треба да знаеме е дека сами си го креираме животот. Сами одлучуваме дали ќе ни биде убаво или не. Зашто има на светов луѓе кој што се на иста возраст со сличен живот, но различно гледање на убавината на животот.
Секогаш треба да го дадеме максимумот од нас. Да ги гледаме само позитивните работи во секој еден човек, случка или настан.
И да знаеме дека животот е убав, кога ќе научиш да му се смееш. Секој преиод од нашиот живот ни носи убави моменти за сеќавање, различни луѓе за искуство и нови лекции за учење.
Научените лекции во различен животен период се лекции кој ги учиме за да бидеме спремни за следниот животен период. Затоа, не се жали ,,Зошто баш мене ова им се случува?" туку заблагодари се за дадената лекција, научи од нејзе и знај дека иднината ќе ти биде полесна ако добро си си ја научил лекцијата.
Зошто, знај животот е убав.
Comments
Post a Comment