Skip to main content

Упорноста и истрајноста носат кон #успех во #животот

Упорноста и истрајноста носат кон успех во животот


      Кога ја знаеш својата цел. Кога вистински и искрено знаеш што сакаш во животот. И ако се правиш за да успееш во нејзинотот остварување, после извесен период целта ќе стане твоја реалност. Но, секогаш треба да знаеш дека упорноста, дисциплината и истрајноста се едни од клучните алатки во нејзиното остварување.
      Ти можеш да сакаш и да сонуваш, дека еден ден ќе станеш најдобар фудбалер, но ако не си дисциплиниран со исхраната, ако не си упорен со тренинзите и ако не си истраен, тоа ќе остане само уште еден не остварен сон.
     Сета технологија што ја користиме денес некогаш била нечиј сон. Како струјата на Никола Тесла, телефонот на Александар Бел и ред други работи. Сите тие се првично замислени во нечија глава, па со многу работа и истрајност се направени.
     Александар Бел од својата 11-сета година работел на својот сон, изум. Сето свое време и сите свои пари ги трошел во неговото остварување. За на неговата 28-ма година да успее да го пренесе првиот звук преку жица.
     Успехот не е привилегија на паметните и учените луѓе. Успехот е привилегија на упорните и истрајните луѓе. За да успееш, треба да имаш храброст за да продолжиш после секој неуспех. Зошто успехот доаѓа после многу паѓања и неуспеси.
     Тајната на успехот е истрајноста до крај.

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...

Роман за Тристан и Изолда - Жозеф Бедие

     ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда.      Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага.      Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга.     После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува негов...