Skip to main content

Продолжение на текстот ,,Илиевата мајка"

Продолжение на текстот ,,Илиевата мајка"


     Настана тишина во училницата. Тишината ја прекина училишното ѕвонче. Овој пат никој не викаше и не трчаше за да излезе прв и да си оде дома. Иле си ги собра книгите, се спрема и си тргна кон дома.
     И наставничката остана на своето место. Тогаш Марта од првата клупа, гласно рече: -Наставничке може ли некако да му помогнеме на Иле?, -Тоа е одлична идеја, Ана. -и одговори наставничката. Но, морамае да најдеме начин како да и помогнеме на Илиевата мајка без да ги навредиме.
     Децата почнаа да дават предлози како би можеле да помогнат. Ристе предложи да соберар пари, Весна се сети да им однесат јадење, а Трајче рече дека би можел да го праша татко си дали има можност да се најде подобра работа за Илиевата мајка.
     Може тогаш ќе може да се ослободе Иле и ќе почне да ужива во детството. - си помисли наставничката.
    Веднаш се договорија. Утре еден час пред да им почне училишната настава, да се соберат во школскиот двор, секој да донесе што може за Иле. И сите заедно да отидат до Илиевата куќа.
     Така и направија. Еден час пре училишната настава сите до еден беа во школскиот двор. Задоволни дека секој од нив успеал по нешто да донесе за Иле. Сите освен Трајче. Тој пристигна последен, но овој пат не беше сам, до него за рака одеше неговиот татко. Таткото на трајче поседувал компанија со неколку вработени. И баш во истиот период имале потреба од вработување на чистачка.
     Сите заедно отишле кај Иле. За нивна среќа дома беа Иле и Мајка му. Кога ги видоа децата се наставничката и таткото на Трајче, беа зачудени. Во тој момент децата едно, по едно одеа до Илиевата мајка, ја прегрнуваа и и даваа поклон.
     На Илија лицето се создаде голема, убава насмевка. Очите на Илиевата мајка се наполнија со солзи од радост и благодарност. Не можеше да поверува во тоа што се случуваше пред нејзините очи.
     После тој ден ништо веќе не беше исто. Никој не остана ист. А промената најмногу се забележуваше кај Иле. После тој ден тој беше секогаш насмеан, со сите се дружеше.
     После тој ден тие станаа едно големо и среќно семејство. Семејство кое се нарекува Другарство.

    Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на овој линк.
    За активација на кодот за попусти за долготраен попуст од 25%, 35%, 42%  и 50% во чекор 3 треба да внесете податоци за вашиот спонзор ИД број - MKY0000200, првите три букви од презимето - AND
Тука сме за да се подржуваме едни со други ❤️
Со среќа на сите 🥂

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...

Роман за Тристан и Изолда - Жозеф Бедие

     ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда.      Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага.      Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга.     После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува негов...