Skip to main content

Никогаш не се откажувај од своите желби и соништа

Никогаш не се откажувај од своите желби и соништа



     Никогаш не се откажувај од своите желби и соништа. Знајдека се што е створено на земјава претходно било нечиј сон. Претходно некој сонувал со отворени очи. Како што се Никола Тесла кој сонувал за струјата, Александар Бел за телефонот и уште многу други повеќе или помалку сонувачи. Затоа никогаш не треба да се откажуваме од нашите желби и соништа.
     Се почнува од нашите мисли, желби и соништа. Секогаш треба да мислиме на убавите и големи нешта. Тоа што го мислиме тоа сме ние. Затоа секогаш треба да имаме позитивни мисли. Кога разговараме сами со себе, треба да бидеме фокусирани на тие работи што знаеме најдобро да ги правиме. Зошто разликата од успешниот и губитникот е во тоа што овој вториот се откажал.
     За да успееш да си го оствариш сонот треба само да не се откажеш од него. Само тој што успеал знае колку пати паднал, но секогаш има еднаш повеќе станато. Секој паѓа, само малку се тие што стануваат. Од секое паѓање извлечи ја поуката, смени нешто наредниот пат и продолжи понатаму.
     Секогаш кога ти чука силно срцето и имаш пеперутки во стомакот, знаеш дека си а вистинскиот пат. Ако силно веруваш во својот сон и правиш се за да го оствариш, со дисциплина и истрајност, сонот станува реалност.
     Затоа сонувај за големи нешта. И никогаш не се откажувај. Тоа е твој сон и ти си тој што најсилно верува во него.
     Сонувај и остварувај! Сонувај и создавај!
     Нека те води големата слика од твојот сон.

    Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на овој линк.
    За активација на кодот за попусти за долготраен попуст од 25%, 35%, 42%  и 50% во чекор 3 треба да внесете податоци за вашиот спонзор ИД број - MKY0000200, првите три букви од презимето - AND
Тука сме за да се подржуваме едни со други ❤️
Со среќа на сите 🥂

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...