Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2022

КОЈ СМЕ НИЕ?

 КОЈ СМЕ НИЕ ?     Секој народ има свое потекло, своја историја, своја култура, обичаи и јазик.      Јазикот е едно од одбележјата на народот. Нешто што го дели од другите народи и го прави автентичен, единствен од тој тип. Дури и секој народ со својот јазик има внатрешни дијалекти, кој што ги одбележува луѓето од кој регион доаѓаат.     Македонскиот јазик е стар јазик. Развојот на македонскиот јазик е уште од X-XI век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типични македонски зборови. За прв пат е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот на еден глас - една буква, со решениеот на Народната влада на Федерална Македонија, на 05 мај 1945 година.      Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Иако прв пат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 02ри Август, 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ.     Со текот на времето некој јазици изумираат, но некој доживуваат експанз...

РЕПОРТАЖА - ЖЕЛБА СЕ РАЃА

 ЖЕЛБА СЕ РАЃА     Празници се ближат и насмевки се нижат. Декември и Јануари се месеци во кој што љубовта, топлината и желбите се споделуваат и умножуваат. Месеци во кој што секој посакува да му го разубави денот на другиот.     Така и Дац и Александар, Драган Спасов Дац глумецот и Алексаднра мИтевски пеачот, во соработка со ЈУ ,,Детски Културен Центар Карпош,, и нивните директорки Билјана Лалчевска Серафимовска, заедно со детскиот хот ,,Гласот на децата на Скоје,, со нивните родители и менторот Борислав Јоргушески изработија Новогодишно музичко пакетче, како што го нарекое.      Новогодишно музичко пакетче со кое сакат да ги израдуваат сите деца и да ја донесат празничната магија во секој дом.

ПОСЕВОТ НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ЗНААТ И ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

 ПОСЕВОТ НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ЗНААТ И ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ     Многу често слушаме дека никој не е безсмретен. Дека сите умираме. Ако ме прашувате мене некој луѓе се безсмртни. Едни од нив се и браќата Кирил и Методиј. Овие двајца браќа направиле толку големо дело, од кое што покрај луѓето од нивното време што имале корист, туку и ние, ден денес имаме корист од нивното знаење и дело.     Македонските браќа од Солун во IX век, мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонијам преку својата работа влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната Православна црква, како светци со титула еднакви со Апостолите.     Во 1880 година, Па...