Skip to main content

ПОСЕВОТ НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ЗНААТ И ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

 ПОСЕВОТ НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ЗНААТ И ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ


    Многу често слушаме дека никој не е безсмретен. Дека сите умираме. Ако ме прашувате мене некој луѓе се безсмртни. Едни од нив се и браќата Кирил и Методиј. Овие двајца браќа направиле толку големо дело, од кое што покрај луѓето од нивното време што имале корист, туку и ние, ден денес имаме корист од нивното знаење и дело.

    Македонските браќа од Солун во IX век, мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонијам преку својата работа влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната Православна црква, како светци со титула еднакви со Апостолите.

    Во 1880 година, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980 година, Јован Павле Втрои ги прогласил за созаштитници на Европа. Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици, Свети Климент и Свети Наум, од Охрид, користејќи го својот мисионерски метод, останал жив образец за Светата црква и за мисионерите на сите времиња.

    Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература. И се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. 

    Кирил и Методиј се родени во Солун, во угледно богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмалиот Костадин во 826/27 година.

    Нивното дело, нивната посветеност и дисциплина, во остварувањето на нивната цел се само доказ и потик за сите нас. Колку и да е голема нашата цел. Колку и да се тешки условите за остварување на истата. Колку и да изгледа невозможно во моментот тоа што го сакаме. Многу е важно да веруваме во себе. Да веруваме во нашата цел, мисија. Да смен свесни колкава корист на општеството носе нашиот напредок. И секогаш, баш секогаш, да даваме максимум од себе.


Македонска литература поврзана со Браѓата Кирил и Методиј можете да најдете во Книжарница Бонига Неготино

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...

Роман за Тристан и Изолда - Жозеф Бедие

     ДЕТСТВОТО НА ТРИСТАН Овој роман ни раскажува за љубовта и смртта. Приказна за Тристан и Изолда.      Во Корнвол владееле Крал Марк, кој бил нападнат од непријателите. Во помош отишол Ривален, кралот од Луноа.Како благодарност Крал Марк му ја дал својата сакана сестра Лилјана. Во војна со војвода Морган, кралот Ривален умрел. Неговата сопруга тогаш била бремена. На денот од својот пораѓај, од тага за својот сопруг, умира и Лилјана, а своето бебе го крстила Тристан, затоа што бил роден во тага.      Рохалт Верниот го одгледува Тристан како свој син. По седум години му го дава на штитоносецот Горвенал, кој го научил на сите вештини што му доликуваат на еден витез. Трговци од Норвешка го киднапираат Тристан. Тие во чун го оставаат во Корнвол, земјата на Крал Марк, така без да знае Тристан завршува кај неговиот вујко, во замокот Тинтејџел, како негов верен слуга.     После три години Рохалт Верниот го наоѓа Тристан и ја кажува негов...