Лакомоста губи се, сакајќи се да земе
Алчноста и лакомоста се дел од секој човек. Исто како што добрината и скромноста се дел од секој човек. На крајот од денот секогаш победува оној што го храниш.
Ако си лаком како стопанот од приказната ,,Кокошката со златни јајца,, секогаш ќе мислиш дека немаш доволно. Ќе сакаш да имаш се повеќе и повеќе, без да имаш трпение да се случат сами од себе некој работи. Посебно тие на кој што им треба повеќе време. Како, брзо да се збогатиш, брзо да научиш, брзо да намалиш килограми. А се што е брзо, брзо и завршува. Кратко трае. Стопанот сакал наеднаш да добие многу златни јајца, за на крај да остане без ни едно јајце, па дури и без кокошката.
Кога сакаш брзо да се збогатиш, без преходно да научиш, да стекнеш искуство за работа, за многу брзо време ќе останеш без своето брзо стекнато богатство. Пример ни се луѓето кој што добиле голема сума на пари, на лото или на некоја друга игра на среќа. Тие истите луѓе ако ги сретнеш после година дена, ќе ги видиш дека се во истата финанскиска состојба, а може и во полоша, од денот пред да ги добијат парите на лото.
Затоа пак, ако научиш да бидеш трпелив, вреден и добар. Да бидеш благодарен на тоа што го имаш. И ако вредно работиш за да стекнеш нови вештини. На долг рок ти ќе бидеш благословен и богат човек.
Comments
Post a Comment