Skip to main content

Честа како принцип , прикажана во трагедијата Сид – Корнеј

 

Честа како принцип , прикажана во трагедијата Сид – Корнеј


     Како се гледа и размислува за честа некогаш и сега, е навистина огромна разлика. Како што е опишана честа во трагедијата Сид. Можеме да видиме дека на прво место им е честа, па после е љубовта. До тој степен што и покрај големата љубов помеѓу Химена и дон Родриго, тие прво ја одбираат својата должност.

     Должност да се одбрани честа на семејството. Должност да се одбрани честа на родителот. Постојано се во внатрешна борба, бидејќи не можат да ги скријат и потиснат чувствата што ги имаат еден за друг, но сепак дон Родриго чувствува должност да ја одбрани честа на својот татко. Тука не завршуваат нивните должности. После двобојот помеѓу дон Родриго и дон Диего, таткото на Химена, кој што умира во овој двобој. Сега Химена ја одбира должноста за одбрана на честа на татко си, каде што бара повторно двобој со дон Родриго. Химена ја исполнува својата должност за одбрана на честа на својот умрет татко, но кога го гледа дон Санчо, после двобојот жив и со мечот на дон Родриго, целата е во бол и во тага. Мислејќи дека е мртов дон Родриго.

     Ќе речеш дека после овој двобој, конечно ќе бидат заедно дон Родриго и Химена, но, не. Сега дон Родриго има должност кон својот Крал и одбрана на неговата чест. Мораат да чекаат цела година за да бидат заедно.

     Колку многу им значела честа на семејството е доказ и тоа што Инфанта, ќерката на кралот, ги потиснувала своите чувства кон дон Родриго, во чест на својот татко Кралот. Таа како кралска ќерка не смеела да сака некој што не е на истотот рамниште како себе. Никој понизок од крал.


     Нашата чест е да го следиме најдоброто и да го подобруваме најлошото . . . (Платон)

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...