Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2024

Моралниот пад не турка кон дното

Моралниот пад не турка кон дното      Пад на моралните вредности, губење на авторитети, општествена криза. Морално да опаѓаме како што се жалиме, до сега ќе бевме морално во минус. Се разбира, секогаш кога зборуваме за пад на моралот, мислиме на моралот на другите. Уште Сократ се жалел дека младите од неговото време немаат почит кон постарите.      Адам Мастројани, психолог од Универзитетот Колумбија, направил истражување на оваа проблематика. Од повеќе децениска анкета и други податоци, открил дека најмалку во последните 70 години, луѓето ширум светот постојано тврдат дека постои општ пад на моралот. Не наоѓајќи поткрепие за таквото тврдење, тој и неговиот соработник од Харвард, заклучиле дека перцепцијата за моралниот пад е илузија.      Зошто луѓето околу себе гледаат морално распаѓање? Авторите шпекулираат дека тоа можеби има врска со пристрасноста на меморијата, негативните спомени бледеат побрзо од позитивните.      Морал...

Упорноста и истрајноста ни помагаат да ги надминеме животните препреки

  Упорноста и истрајноста ни помагаат да ги надминеме животните препреки      Упорност, истрајност и дисциплина се едни од алатките кои што можат да ни го променат животот на подобро или полошо. Затоа е многу важно, свесно да видиме, да освестиме, во што сме упорни, истрајни. Кои навики ги негуваме. Кое размислување го храниме. Само, кога свесно ќе размислиме за тоа каде и за што сме упорни, истрајни и дисциплинирани. И видиме што тоа ни носи на долг рок. Само тогаш можеме да преземеме нешто, со намера да смениме на подобро.      Пример, имаш вишок на килограми и упорно заборуваш дека сакаш да ги намалиш килограмите, истрајно продолжуваш да јадеш нездрава храна, и дисциплинирано поголемиот дел од денот спиеш или седиш. Што мислиш, каде ќе те одведе оваа твоја упорност, истрајност и дисциплина?      Сега замисли си како би било ако секој ден упорно слушаш видеа за мотивација, истрајно јадеш здрава храна и дисциплинирано вежбаш. Што мислиш...