Упорноста и истрајноста ни помагаат да ги надминеме животните препреки
Упорност, истрајност и дисциплина се едни од алатките кои што можат да ни го променат животот на подобро или полошо. Затоа е многу важно, свесно да видиме, да освестиме, во што сме упорни, истрајни. Кои навики ги негуваме. Кое размислување го храниме. Само, кога свесно ќе размислиме за тоа каде и за што сме упорни, истрајни и дисциплинирани. И видиме што тоа ни носи на долг рок. Само тогаш можеме да преземеме нешто, со намера да смениме на подобро.
Пример, имаш вишок на килограми и упорно заборуваш дека сакаш да ги намалиш килограмите, истрајно продолжуваш да јадеш нездрава храна, и дисциплинирано поголемиот дел од денот спиеш или седиш. Што мислиш, каде ќе те одведе оваа твоја упорност, истрајност и дисциплина?
Сега замисли си како би било ако секој ден упорно слушаш видеа за мотивација, истрајно јадеш здрава храна и дисциплинирано вежбаш. Што мислиш, што ќе се случе после пет години?
Ова можеме да го применеме во секој аспект од нашиот живот.
Еве уште еден пример. Сакаш да станеш доктор. Секој ден упорно учиш, истрајно стекнуваш нови вештини и дисциплинирано одиш на пракса. Што мислиш, после пет години , кога ќе завршиш школо, дали има големи шанси да станеш доктор?
Многу е едноставно, но не е лесно. Бидејќи треба секој ден да го правиш, се тоа едно исто, но знаеш што, секој сам си одлучува во која истрајност и упорност сака да биде. Седење на компјутер или на книга. Лежење во кревет или пешачење надвор. Секој сам за себе си одлучува. Никој не може за другиот да биде истраен, зошто на крај најважен е резултатот.
Да, кој резултат ќе го добиеш. Дали ќе зажалиш дека не си бил доволно упорен или ќе знаеш дека си направил се што треба.
Значи, сами одлучуваме дали нашето време ќе го трошиме или инвестираме. Од нас зависи, и е наша одговорност каков резултат сакаме утре.
Јас решив да се грижам за себе, за да не мора ти да се грижиш за мене.
Со љубов Бојана Андонова
Книги за личен развој, грижа за себе и себе сакање, можете да најдете во Книжарница БОНИГА Неготино.
Comments
Post a Comment