Skip to main content

Моралниот пад не турка кон дното





Моралниот пад не турка кон дното

    Пад на моралните вредности, губење на авторитети, општествена криза. Морално да опаѓаме како што се жалиме, до сега ќе бевме морално во минус. Се разбира, секогаш кога зборуваме за пад на моралот, мислиме на моралот на другите. Уште Сократ се жалел дека младите од неговото време немаат почит кон постарите.
    Адам Мастројани, психолог од Универзитетот Колумбија, направил истражување на оваа проблематика. Од повеќе децениска анкета и други податоци, открил дека најмалку во последните 70 години, луѓето ширум светот постојано тврдат дека постои општ пад на моралот. Не наоѓајќи поткрепие за таквото тврдење, тој и неговиот соработник од Харвард, заклучиле дека перцепцијата за моралниот пад е илузија.
    Зошто луѓето околу себе гледаат морално распаѓање? Авторите шпекулираат дека тоа можеби има врска со пристрасноста на меморијата, негативните спомени бледеат побрзо од позитивните.
    Моралот значи, систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество.
    Секоја индивидуа поседува скриени потенцијали за доблесно однесување. Важно е само тие да се препознаат и да се развијат.
    Главна одлика на современото општество се промените, како и се што постои на оваа планета. Се тече, се се менува - Пантареј. Промените се случуваат со молскавична брзина и ги зафаќаат сите области на општественото живеење. Промените ги збогатуваат можностите на човекот, го збогатуваат човековото спознание, а со тоа и неговата моќ. Но, честопати, овие промени, покрај напредок, со себе повлекуваат и кризи. Кризите ги зафаќаат сите аспекти на човековиот живот.
    Една од таквите кризи, која со себе повлекува најтешки и најголеми последици е моралната криза.
    Преку моралното воспитание поединецот ги развива своите морални особини и ги прифаќа моралните вредности и правила на општеството. Но, ако го анализираш  секое општество, секоја заедница засебно, ќе забележиш дека кај сите нив моралното однесување има различни правила на однесување. Пример, кај нас не е морално добро ако еден маж има повеќе жени, но ако одиш во некои општества во Индија, ќе бидеш сведок дека морално добро за еден маж е да има колку може повеќе жени и деца.

    Пред да казниш или поштедиш, мораш во човекот да го видиш човекот. - Гете.

    Секое општество создава определен систем на морални норми и непишани правила на однесување.

    Литература за моралот и моралното однесување можете да најдете во Книжарница БОНИГА Неготино


 

Comments

Popular posts from this blog

Белото циганче - Лектира за основно одделение

БЕЛОТО ЦИГАНЧЕ      Циганскиот караван патувал низ некоја рамница. Напред на шарен коњ јавал Базел и пеел циганска песна. Само што го искачиле благиот насип, на десниот брег на реката ги пречекале ливади, опколени со врби и тополи.      Преморен од патот Белото Циганче легнал на земјата до врбата љубопитно и слушал Мулон и Хенза како тивко се препираат. Хенза барала од баба Мулон да го остават детето во некое село. Хенза се заканила дека ќе го повреде детето, но баба Мулон и се спротиставил и ја избркал. Таруно уплашен од нејзините зборови почнал да бега кон селото, но тогаш во ноќта баба Мулон го викнал, го вратил.      Следното утро додека баба-Мулон ловел риби, Таруно го потпрашувал за неговото минато и неговите родители. Денот бил исполнет со убави моменти и измешани емоции. Реката покрај нив им помагала за разладување и убивање на досадата. Децата често си играле на нејзиниот брег или се бањале. Едно топло попладне на река...

Пролетен пејсаж

ПРОЛЕТЕН ПЕЈСАЖ     Пролет е. Едно од најубавите годишни времиња. Сонцето потопло грее. Веќе нема остатоци од ладната зима, освен на повисоките планини. Реките се полни со вода од растопениот снег. Жуборот се слуша на далеку. Се шири миризбата од свежо искосена трева, од опојните цветови. Пролетниот пејсаж изобилувасо бои. Црвено, жолто, зелено, бело се е обоено, се е весело.      Синото небо мирно ги пропушта сончевите зраци да дојдат до земјата. Да ја стоплат измрзнатата почва, да ги разбудат заспаните животни. Дрвјата гордо исправени со своите гранки разеленети. Како раце ширум отворени ги повикуваат во своите прегратки птиците преселници да се вгнездат на нив.      Не знаеш кое цвеќе е поубаво, дали зумбулот, лалето, лилјачето, ги има толку многу. Како разиграни дечиња никнуваат и на пролетта и се радуваат.      Упатството  за онлајн регистрацијата во Herbalife е поставено на  овој линк .     За...

Калеш Анѓа од Столе Попов - Лектира за основно одделение

КАЛЕШ АНЃА      1. Една Сабота дедо Богдан заедно со внучето Ангеле и другите соселани заминале на Атпазар во Прилеп.. На Атпазарот се продавало секаков добиток. Покрај секој добиток стоеле пазачи, тоа биле каури кој му робувале на турците. Тие биле боси, со сокинати алишта и тепани. Кога дедо Богдан и другите мариовци разговарале со нив секогаш им се фалеле дека тие во Мариово живеат слободно. Не робуваат и не плаќаат данок, затоа што Агицата Мара ги ослободила од секакви давачки и им ја оставила со тапија, со документ земјата на мариовци.      На едниот крај од пазарот стоеа беговите чифчии - робовите, а на другиот Мариовци - слободните, не се мешале. Мариовци секој со себеносел по едно дете од 8 до 10 години за да им помагаат со добитокот. Не ги пуштаат  младите сами да одат, зошто можеле да бидат грабнати од турците за да робуваат.      Изутрината низ пазарот прошетале четворица алагари со по двајца сејмени и заинтересирано ...