Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2023

Свети Климет Охридски

 Свети Климет Охридски      Св. Климент Охридски бил роден околу 840 година, а починал на 27 јули 916 година, во Охрид. Тој бил еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавањето на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распростанување помеѓу христијанизираните Словени.      Св. Климент Охридски е основач на Охридската книжевна школа или позната како ,,Прв словенски универзитет,,. Познато е дека живеел во границите на Првото Бугарско Царство. Период кога локалното словенско население се уште давало отпор кон прифаќањето на христијанството.     Климент се стекнал со солидно образование, и уште од млади години стекнал одлични познавања од грчкиот јазик. Климент како добар познавач на словенскиот и грчкиот јазик, вршел преведување и препишување на книги. Во манастирот Полихрон, Климент престојувал се до п...

Честа како принцип , прикажана во трагедијата Сид – Корнеј

  Честа како принцип , прикажана во трагедијата Сид – Корнеј      Како се гледа и размислува за честа некогаш и сега, е навистина огромна разлика. Како што е опишана честа во трагедијата Сид. Можеме да видиме дека на прво место им е честа, па после е љубовта. До тој степен што и покрај големата љубов помеѓу Химена и дон Родриго, тие прво ја одбираат својата должност.      Должност да се одбрани честа на семејството. Должност да се одбрани честа на родителот. Постојано се во внатрешна борба, бидејќи не можат да ги скријат и потиснат чувствата што ги имаат еден за друг, но сепак дон Родриго чувствува должност да ја одбрани честа на својот татко. Тука не завршуваат нивните должности. После двобојот помеѓу дон Родриго и дон Диего, таткото на Химена, кој што умира во овој двобој. Сега Химена ја одбира должноста за одбрана на честа на татко си, каде што бара повторно двобој со дон Родриго. Химена ја исполнува својата должност за одбрана на честа на својо...

Лицемерието претставено преку ликот на Тартиф од исто именената комедија

  Лицемерието претставено преку ликот на Тартиф од исто именената комедија      Преку ликот на Тартиф ни е претставено лицемерието и интригата. Способноста брзо да се откријат слабите страни на човекот, и истите да се искористат, изманипулираат за остварување на сопствените цели. Од ликот на Тартиф и начинот на кој што тој ги објаснува причините за стекнување на богатство, влијание, може да се виде дека тој искрено верува дека тие треба да бидат негови за општо добро. Да не е тој, цел тој имот и богатство може да паднат во лоши раце. До тој степен што од побожен човек, станува и шпион. Лесно може своето лично прашање да го претвори во општествено прашање.      Со леснотија се движи меѓу луѓето. Има врски секаде, па дури и во административните кругови. Ако сака може да дојде и до царот.      Точно знае што сака да слушне другиот, за да може да си ги исполне своите цели, криејќи се зад свештеничката наметка.     ...

Лакомоста губи се, сакајќи се да земе

  Лакомоста губи се, сакајќи се да земе      Алчноста и лакомоста се дел од секој човек. Исто како што добрината и скромноста се дел од секој човек. На крајот од денот секогаш победува оној што го храниш.      Ако си лаком како стопанот од приказната ,,Кокошката со златни јајца,, секогаш ќе мислиш дека немаш доволно. Ќе сакаш да имаш се повеќе и повеќе, без да имаш трпение да се случат сами од себе некој работи. Посебно тие на кој што им треба повеќе време. Како, брзо да се збогатиш, брзо да научиш, брзо да намалиш килограми. А се што е брзо, брзо и завршува. Кратко трае. Стопанот сакал наеднаш да добие многу златни јајца, за на крај да остане без ни едно јајце, па дури и без кокошката.      Кога сакаш брзо да се збогатиш, без преходно да научиш, да стекнеш искуство за работа, за многу брзо време ќе останеш без своето брзо стекнато богатство. Пример ни се луѓето кој што добиле голема сума на пари, на лото или на некоја друга игра н...