Skip to main content

Posts

Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи

  Насмевката е крива линија која може да направи многу позитивни работи      Сите ние сме едно исто. Колку и да изгледаме различно, да посакуваме различни работи, да се однесуваме различно, сепак на крај сите кон исто тежнееме. Сите бараме љубов.       Сите ние сме љубов.      Насмевката е најлесниот и најбрзиот пат до будење на љубовта во нас. Кога имаш тежок, ден една насмевка може да ти го промени денот, во истиот миг. Кога некој во твоја близина се смее, и ти без причина почнуваш да се смееш. Една насмевка, која што ни ги активира сите мускули на лицето. Околу усните. Околу очите. Околу челото. Верувам дека имате слушнато дека ние луѓето знаеме да се смееме и со очите. Насмевка од која ти заигрува стомакот. Ти се затоплува срцето. Ех, таа насмевка златни врати отвара. Таа насмевка во нас буди топлина, љубов, среќа, радост.     Знаеш некогаш можеш да бидеш и сам со себе, без никакво дејствие, ќе се сетиш на таа насмевка...
Recent posts

Верувањето е само мисла што постојано ја мислиш 📌

  Верувањето е само мисла што постојано ја мислиш . Ние се идентификуваме со нашите мисли и тие ни стануваат реалност. Ти се има случено некогаш да испаднеш од твоето опкружување и да слушнеш еден поинаков начин на размислување, на гледање на работите, на живеење, и се чудиш, Како можат овие луѓе така да живеат? Баш заради нивните мисли, ете како. . Кога ова ќе го спознаеш има и еден олеснителен дел за себе. Значи не мора на овој начин да ги живеам и доживувам ситуациите кои што не ми служат позитивно. Значи има и друг подобар начин, со кој што ќе чувствувам ведрина, радост и љубов додека ги работам . Се што треба е да ја смениме нашата мисла. Да користиме мисла што ни служе позитивно. . Сега доаѓа другото прашање, Како ќе знам дека таа е вистинската мисла што ќе ми служе? Тука е добро тоа што нема ,,вистинска мисла,, со текот на времето, ако продолжиш да работиш на тоа се повеќе да имаш мисли кои што позитивно ти служат, ќе ја јадеш најдобрата за себе а знаеш дека си на добар па...

„Недоразбирање“ од Албер Ками

  Прв чин Дејството се случува во некое запустено, зафрлено место, поточно во еден мотел каде мајката и ќерка ѝ Марта издаваат соби на случајните, ретки минувачи. Луѓето што доаѓаат во нивната крчма се жртви на рамнодушност на Марта кон животот – таа ги убива тешејќи се дека мирно и спокојно ги праќа во „другиот свет“, без болка, успивајќи ги, баш како што таа (и мајка ѝ) би сакале да си умрат. По 20 години минати на печалба, Јан, нивниот брат и син, се враќа во својот роден крај носејќи пари со кои планирал да ги усреќи своите најблиски. Отпрвин, на негово големо чудење, тие не го препознале. Спротивно на советите на неговата сопруга, Марија, тој се решава да не го открива својот идентитет, за да одблиску ги запознае карактерите и желбите на неговите мајка и сестра. Во овој чин се откриваат и изопачените нарави на двете сопственички на пансионот, кои ги ограбувале и убивале побогатите гости, со цел остварување на соништата на Марта за живот крај морето. Во меѓусебен договор, ...

Моралниот пад не турка кон дното

Моралниот пад не турка кон дното      Пад на моралните вредности, губење на авторитети, општествена криза. Морално да опаѓаме како што се жалиме, до сега ќе бевме морално во минус. Се разбира, секогаш кога зборуваме за пад на моралот, мислиме на моралот на другите. Уште Сократ се жалел дека младите од неговото време немаат почит кон постарите.      Адам Мастројани, психолог од Универзитетот Колумбија, направил истражување на оваа проблематика. Од повеќе децениска анкета и други податоци, открил дека најмалку во последните 70 години, луѓето ширум светот постојано тврдат дека постои општ пад на моралот. Не наоѓајќи поткрепие за таквото тврдење, тој и неговиот соработник од Харвард, заклучиле дека перцепцијата за моралниот пад е илузија.      Зошто луѓето околу себе гледаат морално распаѓање? Авторите шпекулираат дека тоа можеби има врска со пристрасноста на меморијата, негативните спомени бледеат побрзо од позитивните.      Морал...

Упорноста и истрајноста ни помагаат да ги надминеме животните препреки

  Упорноста и истрајноста ни помагаат да ги надминеме животните препреки      Упорност, истрајност и дисциплина се едни од алатките кои што можат да ни го променат животот на подобро или полошо. Затоа е многу важно, свесно да видиме, да освестиме, во што сме упорни, истрајни. Кои навики ги негуваме. Кое размислување го храниме. Само, кога свесно ќе размислиме за тоа каде и за што сме упорни, истрајни и дисциплинирани. И видиме што тоа ни носи на долг рок. Само тогаш можеме да преземеме нешто, со намера да смениме на подобро.      Пример, имаш вишок на килограми и упорно заборуваш дека сакаш да ги намалиш килограмите, истрајно продолжуваш да јадеш нездрава храна, и дисциплинирано поголемиот дел од денот спиеш или седиш. Што мислиш, каде ќе те одведе оваа твоја упорност, истрајност и дисциплина?      Сега замисли си како би било ако секој ден упорно слушаш видеа за мотивација, истрајно јадеш здрава храна и дисциплинирано вежбаш. Што мислиш...

Со парите се купува се, но не и среќата

 Со парите се купува се, но не и среќата Многу често луѓето среќата ја поврзуваат со предмети, со цели. Кога ќе завршам школо, ќе бидам среќен. Кога ќе се вработам, ќе бидам среќен. Кога ќе положам за кола, ќе бидам среќен. Не свесни дека среќата не е во предметите, во парите, во целите. Среќата е во патувањето до посакуваната цел. Среќата е во малите секојдневни работи, чекори, ритуали. Среќата ја носиме во себе. Ако не успееш да ја најдеш и да ја всадиш во себе, да биде дел од тебе, твое секојдневие, знај дека нема да ја најдеш ни надовр од себе. Парите се важен дел од нашиот живот. Тие се енергија што ни помагаат да имаме добар и удобен живот. Кога имаш пари не се грижиш за тоа дали ќе имаш што да јадеш денес, дали ќе можеш да си платиш добро школување. Да парите се за да ни служаат нас, не ние да им служиме нив. Затоа е важно да имаме отворена и здрава врска, однос со нас, без да се врзуваме емоционално. Кога ќе ја најдеш среќата во себе, без разлика каде се наоѓаш, со кој си, ...

Животот е единствениот дар кој нема цена

  Животот е единствениот дар кој нема цена Се што е бесценето, малку го цениме. Самото наше постоње и присуство на овој свет, е најголемиот дар кој што можеме да го имаме. Секое вдишување и издишување. Секое будење наутро. Секоја прегратка. Секоја насмевка и чувство. Се тоа се дарови, кои што се дел од нашиот живот. За кои што не сме ни свесни на привилегијата да ги имаме се додека не ги изгубиме. Му благодарам на универзумот за овој ден, е нешто со кое што треба секој од нас да се буди и да легнува навечер. Познаваме луѓе кои што се ограничени, немаат можност да уживаат во некои од овие привилегии. И знаеме дека се спремни на се, за само барем еден ден да ги имаат. Некои ќе речат ,,животот е краток,, не животот е доволен за се што сакаш, само ако знаеш што сакаш. Некои ќе речат ,,зошто сум се родил, за само да се мачам,, не, животот не е за да се мачиш, животот е за да искусиш, а се додека мислиш дека се мачиш во животот, тогаш сигурно не правиш нешто како што треба. Не е важна би...